Кратка историја

Спротивно од популарните верувања, историјата на чорапите, како составен дел од гардеробата, датира уште од  античките времиња. Низ годините, со постепеното подобрување на материјалите и производствените технолгии, светот на чорапите е доведен до совршенство во многу форми, бои, нијанси и дизајни.  

Денес, хулахопките и чорапите не се само едноставни додатоци во секојдневното облекување, туку претставуваат модерни и уникатни парчиња во состав на облеката кои постојано ги следат сите модни трендови.

Продуктите на Фор Лејди ги прават нозете на секоја дама вистински протагонист, бидејќи можете да ја видите, почувствувате и допрете разликата!

Уште од времето кога човекот почнал да го покрива своето тело со облека, тој почнал да ги покрива и нозете! “Модерните” чорапи и хулахопки датираат од почетокот на Среден Век, заедно со почетоците на обработка на свила. Најпрво, тие биле изработени за мажи, но кратко потоа им било дозволено на жените да ги носат и со тоа овие додатоци станале симбол на луксуз.

Со откривањето на најлонот во 1938 во лабораториите на Ду Понт во САД отворена е нова димензија во оваа индустрија, давајќи им на чорапите и хулахопките извонредна еластичност, флексибилност и издржливост.

Подоцна, новите технологии во 50-тите го овозможуваат производството на првите провидни хулахопки, кои понатаму се унапредуваат со употребата на ликра која ги прави уште попрецизни и поиздржливи, зголемувајќи го својот состав и естетски изглед.

Хулахопките го достигнуваат својот пик во 1965 година, кога мини-здолништето покрена револуција и ја освои модната индустрија и општеството. Најголемите филмски и модно познати личности ги осветија хулахопките како оружје за заведување.

 

ЗА НАС

Фор Лејди ДООЕЛ – компанија која започна со работа во 1995 година во Скопје со основна дејност производство на женски и детски хулхопки за продажба и извоз на поголеми и помали количини, во и надвор од Македонија. Во првите години од своето постоење Фор Лејди ДООЕЛ беше препознатлив по своите основни брендови Саманта, Луција и Сања на пазарот, за сега да прерасне во бренд кој препознава над 50 активни производи со своите варијанти на бои и броеви. Низ годините иновативноста, иксуството, вложувањето во опрема, унапредувањето на производствените процеси со посовремена технологија ни помогнаа да развиеме повеќе брендови и модели на производи кој се основата за секојдневниот совршен изглед на секоја жена. Континуирано работиме на усовршување на производството и производите по потреба на купувачите, трендовите и новите технологии. Нашите производи се пласирани најмногу на домашниот пазар, а како извозни пазари распространети се низ целиот Балкански регион. Долгогодишното искуство ветува доверба за изработка и испорака на материјали во одличен временски рок. Нашата цел е производство и пласман на што поширок спектар на Македонски производи, препознатливи по оргинален и уникатен модел на изработка кој воедно ќе биде вистинскиот избор на секоја современа девојка и жена.

Известување!

Драги верни корисници и пријатели на Фор Лејди,

Со задоволство Ве информираме дека во нашата компанија се развива иновативен производ кој не постои не само на македонскиот туку и на светскиот пазар!

Во склоп на семејството на Фор Лејди се формираше тим кој работи на специјален проект во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој. Како дел од третиот столб за финансирање на Фондот во повикот за финансирање на иновации, нашата компанија аплицираше со проект за развој на нов иновативен производ – биоразградливи хулахопки и чорапи, кои имаат антибактерискo својствo и козметички ефект. Финансирањето ни беше одобрено и веќе неколку месеци со полна пареа се работи на развој и усовршување на производот.

На нашите верни корисници и идни корисници сакаме да им понудиме производ кој е функционален и естетски привлечен додека во исто време им нуди антибактериска заштита и им ја негува кожата.

Секој бизнис има своја одговорност кон општественото добро и со овој проект нашата идеја е иновацијата да одговори на три проблеми:

  1. Да се намали загадувањето кое е предизвикано со користење на хулахопки и чорапи кои се разградуваат десетици години (некогаш и повеќе од 50 години) откако ќе завршат на отпад. Нашиот иновативен производ е биоразградлив и откако ќе заврши на отпад се разградува во рок до 5 години. (*)
  2. Во ладните денови долгото носење на хулахопки и чорапи придонесува за сушење и пукање на кожата. Нашиот иновативен производ има специјална доработка и додаток на екстракт од Алое Вера кој ќе помогне во нега на Вашата кожа. Друг несакан ефект е појавата на потење во интимните делови и во делот на прстите на стопалото со што доаѓа до развој на габични или бактериски инфекции. Новата формула на нашите хулахопки и чорапи ќе Ви понуди антибактериска заштита со цел да се намалат или спречат овие ефекти.
  3. Последно, но можеби и најважно, нашата компанија си стави за цел на новите работни места кои ќе се отворат како резултат на проширување на нашиот бизнис со овој проект да вработува самохрани мајки како и млади работници до 29 години.

Текстилната индустрија е еден од најголемите загадувачи на планетата. Истражувањата направени на оваа тема покажуваат дека скоро 5% од отпадот во депониите е резултат на текстилната индустрија.

Нашата иновација планираме да биде достапна во продажба во текот на 2019та, но нашите верни корисници наскоро ќе имаат можност да нарачаат на pre-sale.

Следете не за повеќе новости!

Со почит,
Фор Лејди