Главната цел на Фор Лејди е да им понуди на своите потрошувачи производи од највисок квалитет и издржливост кои совршено прилегаат на секоја женска нога, кои се резултат на користењето на најсовремената технологија и најквалитетните материјали во индустријата.
Фор Лејди нуди широка колекција на хулахопки и чорапи, модерни или класични, во тек со најновите модни трендови и наменети за секоја пригода, од наједноставните и најнеформалните модели до најелегантни и софистицирани, добри за секоја возраст и за секој вкус.
Фор Лејди континуирано ги усовршува сите производи; хулахопки, хеланки, доколенки, надколенки и сокни; притоа одржувајќи совршен сооднос помеѓу квалитет и цена.
Компанијата работи со големопродажба од 1995 година, како преку дистрибутери, со организиран транспорт; така и преку директна продажба од фабрика до клиент преку карго до адресата на купувачот.
Со капацитет од 250000 парчиња месечно, 35 машини и модерна технологија која овозможува изработка, доработка и термо фиксирање на сите модели на хулахопки, покрај веќе постојните модели, со однапред склучен договор овозможуваме изработка на модифицирани, специјализирани модели, во смисол на тип на артикал и боја, по желба на клиентот.
Во зависност од големината на нарачката, просечно време на испорака, од денот на прием на нарачката е од 2 до 10 дена.
Пред, за време и по продажба, тимот на Фор Лејди е активно инволиран на страна на деловните партнери за да им помогне да ја организираат, управуваат и анализираат продажбата на најдобар начин